За нас

Вирлиос Компанија ДОО со седиште на ул.Игман бр.19/1-4 од Кавадарци со ЕДБ
4011003120143 се занимава со автоматика,развој на софтвер и најразлични хардверски решенија.
Своите почетоци ги има во 2002 година и од тогаш па се до денес работиме врз основ на нашите
вредности коишто се темел за развој на нашата компанија , а тие се:
Интегритет и објективност: Ние сме тука за нашите клиенти и ги извршуваме нашите работни
обврски врз основ на вредности и принципи.
Квалитет и можност: Работата ја извршуваме врз основ на стандарди за квалитет кои сме ги
потврдиле во текот на годините на работа , врз основ на тоа и ја контролираме нашата работа и ја
спроведуваме со максимален квалитет.
Професионализам: Ние ја сакаме нашата професија и со знаење и професионалност им
пристапуваме на сите предизвици во работата.
Тимска работа: Ние можеме и сакаме да работиме со другите, да ги разбериме разликите и да
бараме заеднички цели.
Посветеност: Ние се инентификуваме со нашите вредости па така тие се рефлектираат во се што
правеме.
Наши најпродавани производи/услуги се : Автоматика на самоуслужни перални, Следење и
подобрување на процесите на производство во повеќе производствени компании, Репарирање ,поправка и ставање во употреба
на користени машини како и продажба на делови и резервни делови за индустриски машини.
Најголемиот дел од приходите се од продажба на производи/услуги во земјата , но моментално се
стремиме кон тоа да ги зголемиме и приходите од странство имаме соработка со земјите од регионот
( со Србија, Косово, Бугарија, Албанија и Грција) .