boris@virlios.net   •   +389 75 431 062   •

EPA242-LV-R 10-30V DC/8-24V дигитален амперметар 77×35, влез: 1A/5A/60mV, излез: 1C/O

5.022 ден

Дигитален амперметар ENDA EPA242 за вградување во табла 77×35 mm, со мерење AC, DC или вистинска RMS вредност. Работи со влезови 1 A, 5 A, шант 60 mV или струјни трансформатори CT20/CT30, со алармно реле. Оваа изведба е за напојување 10-30 Vdc / 8-24 Vac.

Опис

ENDA EPA242 е програмабилен амперметар за мерење струја во командни табли. Скалата се поставува со однос на трансформаторот, до 9999 A за AC. Има избор помеѓу AC, DC и True RMS мерење. Алармното реле реагира на горна и долна граница на струјата, па може да се користи за надзор на оптоварување на мотори и грејачи.

Карактеристики:

• Модел: EPA242-LV-R

• Екран: 4 цифри, со заклучување на тастатурата

• Начин на мерење: AC, DC или True RMS (избирливо)

• Влезови: 1 A, 5 A, шант 60 mV, струен трансформатор CT20/CT30

• Скала: AC до 9999 A, DC од -999 до 9999 A

• Точност: ±1 % од целата скала

• Фреквенција: DC и 20-70 Hz

• Алармен излез: реле NO+NC, 8 A / 250 Vac

• Напојување: 10-30 Vdc / 8-24 Vac

• Димензии: 77×35×61 mm

• Заштита: IP20

• Работна температура: 0…+50 °C

Упатство и технички податоци

Поврзани продукти

Име

Go to Top