Опис
Подножје Shenler SRC05-E со приклучоци на завртки за релеа за плоча R2G, монтажа на DIN шина или плоча, во комплет со држач (clip) SR25C за релеа со висина 25 mm. Според добавувачот одговара и за Finder 40.31 (1 контакт, 5 пина).
Карактеристики:
• Модел: SRC05-E + SR25C
• Производител: Shenler
• Тип: подножје за реле
• Номинална струја: 12 A
• Номинален напон: 300 V
• Изолација калем–контакт: 4000 V
• Пресек на проводник: 0,5 – 2,5 mm² (20–14 AWG)
• Момент на затегнување: макс. 1,0 Nm
• Компатибилни релеа: Shenler R2G
• Држач: SR25C (за висина на реле 25 mm)
• Работна температура: -40 … +85 °C


